← НАЗАД НА БОЗА

ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОКАЖА: Кучето го штити бебето од инфекции!

ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОКАЖА: Кучето го штити бебето од инфекции!
58 Читања

Бебињата кои имаат контакт со кучиња поретко страдаат од инфекции на ушите и инфекции на респираторниот систем од оние кои живеат во домови без домашни миленици.

Научниците сè уште не ја утврдија вистинската причина зошто тоа е така.

Иако многу мајки сметаат дека кучињата треба да се чуваат подалеку од бебињата, научниците докажале дека нивната близина може да биде корисна.

Истражувањето објавено во американскиот весник “Педијатри” покажа дека бебињата кои имаат контакт со кучиња имаат помала веројатност да се заразат од инфекции на ушите и респираторниот систем отколку оние кои живеат во дом без домашни миленици. Научниците сè уште не ја утврдија вистинската причина зошто е тоа така, но се претпоставува дека животинското “друштво” влијае врз зајакнувањето на имунитетот на детето во првата година од животот.

Истражувањето вклучува 397 фински деца чии родители секојдневно го запишуваа здравјето на бебето во дневник во текот на првата година од животот.

Истражувањето покажа дека оние кои пораснале со кучиња имале 30 проценти помалку шанси да се разболат од инфекции на дишните патишта (вклучувајќи кашлица, кивање и температура), а половина биле помалку подложни на развој на инфекции на увото.

Научниците докажаа дека и присуството на мачка во близина на бебето позитивно се одразува врз нивниот имунитет.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk