Одењето е наједноставениот начин за физичка рекреација, а само половина час одење на ден може да направи многу за вашето здравјето, како и за губење на тежината. Со одењето може да изгубите 20% повеќе калории од вообичаеното.
Брзото одење е одличен начин да вежбате и да согорувате калории, но истражувањата спроведени во Америка покажале дека постои уште подобар начин за фитнес, зацврстување на мускулите, трошење на калории и слабеење.
Со менување на брзината на одење можете да потрошите 20% повеќе калории отколку кога шетате со еднообразно темпо. Менувањето на темпото на пешачење, делува како притискање на педалата за гас во автомобил, секоја промена во ритамот на одење бара уште повеќе движење на нозете.
Испитаниците во оваа студија го смениле темпото на пешачење. Кога се обиделе да одат побрзо или побавно менувајќи ја брзината на движење на подвижната лента, тие потрошиле повеќе калории.
Освен промена на брзината на темпото на пешачење, експертите советуваат, за подобри резултати можете да ги користите и другите трикови: одете со ранец на грб, направете ја вашата маршрута покомплицирана и слично.