Дестинации

Исушеното солено езеро во Боливија е рај на Земјата

Salar de Uyuni, најголемото исушено солено езеро на светот е вистински рај на Земјата. Овде небото и земјата се спојуваат во едно, и прават волшебен поглед, кој го одзема здивот.

Овие прекрасни пејсажи се наоѓаат на југот од Бливија во близина на вулканот Тунупа, на надморска височина од 3.650 метри. Salar de Uyuni е наголемата солана на светот, а зафаќа површина од 11.000 квадратни метри.

 

За време на дождовната сезона, соланата е прекриена со тенок слој вода. Тогаш површината се претвора во најголемото огледало во светот.

 

Ова место е многу популарно помеѓу туристите кои сакаат да доживеат нешто поинакво. Посетителите можат да уживаат во прекрасните прошетки, а за само 15 долари дневно има сместувања кај некои од локалните семејства. Нивните куќи немаат струја ни вода, дури ни купатила, но пејсажите кои го одземаат здивот тоа ќе го надоместат.

 

Туристите можат да учествуваат во традиционалните активности на локалното население, како што се стрижењето на лами во август или да се придружат на караваните кои носат блокови сол во одалечените села во замена за храна и други производи.

 

Иако, туристите одамна го посетуваат ова место, од неодамна за него се заинтересирале и индустријалците, и тоа поради литиумот кој се наоѓа под површината на солта.

 

Залихите на литиум во овие подрачја се големи, а се користи во батериите за мобилни телефони и компјутерите, а клучен елемент е и во електричните автомобили.

 

Постои страв дека тоа може негативно да влијае на иднината на туризмот во овој дел на Боливија.

 

Write A Comment