Убавина

Избегнете ги грешките при фарбање на косата

Промената на бојата на коса може да биде навистина забавно, но само доколку не ги направите големите грешки кои би можеле да направат да зажалите што сте се одлучиле на тој чекор.

Ова се нашите совети доколку се решите да ја фарбате косата:

Не и нанесувајте регенератор на косата непосредно пред фарбањето

Миењето на косата пред фарбањето е во ред, но ставањето на регенератор е многу погрешно. Тој содржи состојки кои ќе го попречат процесот на пигментација па фарбањето нема да ви ги даде посакуваните ефекти.

Никако не ја држете фарбата подолго од кажаното

На секое пакување имате и упатство кое мора да го прочитате. Доколку мислевте дека подолгото држење на фарбата на вашата косаќе даде поубава боја се лажете. Тоа може само дополнително да ја изгори косата и да направи разлики во бојата на различни делови од косата.

Редослед на фарбањето

Внимавајте на редоследот со кој се фарбате. Најпрво започнете од коренот, па продолжете надолу. Најдобро е да почнете од напред па да продолжите надолу.

Write A Comment