Cafe Del Mar

Јапoнската диета е хит низ светот: За 10 дена до совршена линија

Оваа диета е хит, а нејзиноте основно правило е да се јаде банани за појадок со една или две чаши млака вода.

За доручек треба да јадете банана, а максимално дозволено количество е четири банани секое утро.

Другите оброци треба да бидат лесни, помали и почести. Нема посебни строги правила за остатокот од исхраната во текот на денот.

Јадете нормален ручек и вечера, но не претерувајте. Оригиналната диета трае од  7 до 12 дена.

Кафе

Дозволено е повремено да пиете чај или кафе, но се препорачува да ги избегнете додека сте на диета.

Алкохол

Она што е важно е воопшто да не се конзумира алкохол.

Слатки

Ако не можете да им одолеете на слатките, јадете малку црно чоколадо, не подоцна од 15 часот.  Ако сакате солени грицки, подгответе пуканки со минимално масло и сол.

Вечера

Последниот оброк јадете го околу 20 часот, иако би било идеално да не јадете по 18 часот.

Write A Comment