
Секојдневни обврски и неизбежниот стрес, го исцрпуваат како физички така и ментално нашиот организам.
Витамините и минералите нашиот организам ги зема од храната, односно прехранбените производи и водата што ја внесуваме.
Некои минерали треба да се земаат секојдневно, бидејќи нашиот организам не е способен да ги произведува сам. Еден од нив е ЈОД.
Тој е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда, а особено е од големо значење за бремените жени и децата.
Во бременоста влијае врз развојот на нервната мрежа, што е од суштинско значење за развојот на интелигенција па неговото влијание продолжува и во детството.
Недостатоците од јод се рефлектираат и на надворешниот изглед.
Еден од видливите недостатоци од јод е сува, груба и иритирана кожа.
Детоксификација на нашиот организам се врши преку кожата, со потење кога телото ги испушта токсините, па дури и непотребните калории, но исто така ја регулира и температурата на телото.
Недостатокот на јод може да го наруши овој природен тек
. Затоа додека се спремаме за празниците и зголемениот внес на храна, ние сепак треба да се обидеме да обрнеме внимание на храната што ја внесуваме во нашето тело: млеко, јајца, разновиден зеленчук, морски плодови и вода.
Обезбедете си доволно количество на јод за добро здравје, енергија и добра концентрација за претстојните празници со редовно внесување на 150 микрограми јод дневно.
