Кафеавата боја е апсолутен хит за претстојната зима.

Без разлика дали ја носите монохроматски или ја комбинирате со други бои, вашиот изглед ќе биде впечатлив.
Кафеавата боја е особено добра во комбинација со фармерки и белата боја, бидејќи во комбинација со нив доаѓа целосно до израз.
Оваа сезона популарни се панталони, здолништа, џемпери, а особено јакни и палта во кафеава боја. Ако сеуште не сте сигурни како оваа боја ви стои, време е да пробате.
