
Кога се распоредуваа обврските, татковците секако подобро поминаа. Додека мајките се тука да бидат сериозни, строги и грижливи, татковците се тука да се забавуваат со децата и да ги насмеат.
Секако, малку и се шегуваме!
Всушност да се биде совршен татко е многу полесно отколку што мислите, а денес ви претставуваме неколку совети:
Помогнете и на партнерката во се. Куќните работи, купувањето, истражувањето за бременоста, бебето, израснувањето на децата, во се. Чувството дека имате покрај себе некој кој ви е целосна поддршка е од непроценлива вредност, а токму тоа ќе и треба најмногу на мајката после породувањето.
Би било добро да бидете заедно со партнерката при породувањето. Освен ако таа тоа не го сака. Не мора да се плашите од крвта и ужасните сцени, татковците во текот на породувањето се наоѓаат заедно со партнерката до нејзината глава и малку можат да видат. А фактот дека ќе бидете присутни на раѓање на нов живот навистина е чудесен, нели?
Имајте многу разбирање и по породувањето. Некое време ќе биде потребно да се воспостави хормонална рамнотежа, па затоа е можно партнерката после породувањето да има периодични промени на расположението додека се не си дојде на своето место.
Учествувајте во бањањето, пресоблекувањето и хранењето. Галете се со бебето од првиот ден.
Научете да го смирите своето бебе. Најчесто татковците сакаат да го проследат бебето на мајката кога ќе слушнат плачење. Што побрзо научете да го смирите своето бебе, така побрзо ќе си го олесните животот.
Слушајте ги потребите на вашето семејство. Понекогаш и на мајката и на бебето им е потребен само мир и нежна прегратка, ништо повеќе …
