За да имате чиста и убава кожа, треба време, постојаност и напорт. Дерматолозите може да ви препорачуваат многу производи, но некои од нив се скапи и може да треба многу долго време да помине додека да видите ефект. Дома, може да направите лековити маски за мозолчиња и со дневна употреба за неколку недели ќе осетите драстично намалување и целосно решавање на проблемот.
- Паста за заби – Пастата за заби е ефикасна за отстранување мозолчиња. Нанесете тенок слој паста на иритираните делови и оставете го на лицето барем 25 минути. Сигурно ќе осетите мала сензација – пецкање, но тоа е нормално и ќе помине. Откако ќе ја отстраните пастата за заби, краевите на мозолчињата ќе исчезнат, но ќе мора убаво да го измиете лицето за да ги исчистите убаво порите. Третманот правете го секој ден, во времетрање од две недели.
- Домат – Доматите имаат природни антисептични дејства и ќе ги исушат вашите мозолчиња. Излупете и испасирајте мал домат. Нанесете го на афектираните делови од лицето пред да спиете. Оставете го доматот на лицето додека спиете и утрото измијте се со топла вода.
- Лимон – Измијте го лицето со топла вода. Потоа, исцедете сок од лимон. Додадете малку сол и мешајте ја содржината. Нанесете го на лицето. Оставете го да отстои 20на минути и повторно измијте го лицето со топла вода.
- Диња – Може да користите сок од диња измешан со прав од цимет и да го нанесете на лицето. Оставете го преку ноќта и утрото добро измијте го лицето.
- Јогурт – Измешајте три лажици јогурт со две лажици овесна каша. Додадете една лажица маслиново масло и една лажица сок од лимон. Соединете ја смесата добро и нанесете на афектираните делови со мозолчиња. Оставете ја содржината пет до седум минути и добро измијте го лицето со ладна вода.
- Бадеми или овес – Измешајте или овесна каша или пак бадеми во прав и со доволно вода за да направите смеса која ќе може да се нанесе на лицето. Ставете го на проблематичните делови. Остаете го да отстои 15 минути и тогаш измијте го убаво лицето со ладна вода.
- Ориз – Оставете го 5 саати оризот во млеко и потоа измешајте го во блендер се додека не се добие хомогена смеса. Искористете ја смесата за да направите пилинг на лицето или пак телото.
- Компири – Излупете свежи компири и истирјте ја кожата. Измијте го лицето по 15 минути.
- Квасец – Направете смеса од квасец и вода и нанесете го на деловите каде имате мозолчиња. Оставете го 15 минути и потоа добро измијте го со топла вода.
- Мед – нанесете го на деловите каде што имате мозолчиња и по 15 минути измијте го лицето.
Запомнете – Мора да бидете нежни со вашата кожа. Никогаш не го стискајте и гребете лицето.