Art & Crafts

Како да ги избелиме забите во домашни услови?

Денеска решивме да ви понудиме неколку совети како да ја вратите убавата насмевка во домашни услови.

Овие методи не смеат да се користат повеќе од еднаш на два месеци. Во спротивно може да ги оштетите забите.

Сол и сок од лимон

Земете една мала чинија, но не метална. Ставете лажичка сол и неколку капки свежо исцеден сок од лимон. Мешајте додека се направи каша. Со мека четка втријте ја смесата во секој заб. Поминувајте повеќе време на проблематичните зони. Внимавајте да не ги допирате непцата, може да ги иритирате.

Сода бикарбона и сок од лимон

Постапката е иста како претходната. Содата може да ја користите и самостојно, ако проблемот не е толку видлив. За долготраен ефект, може да ја мешате со паста за заби два пати месечно.

Јагоди

Земете неколку јагоди и згмечете ги со вилушка. Втријте ја добиената смеса со четка врз пожолтените места. Овој метод е природен и безопасен, па може да го применувате често.

Треба да се напомене дека промената на бојата на забите доаѓа не само од лошата хигиена, туку и од претерување со кафе и цигари. Имајте на ум дека ефикасното миење на заби трае помеѓу 2 и 3 минути. Препорачливо е да ги чистите со конец секоја вечер. И задолжително менувајте ја четката на секои 3 месеци.

Write A Comment