
Неонскиот сјај ги зафати улиците на четирите големи модни престолнини – Њујорк, Лондон, Париз и Милано. Овој феномен беше особено забележан во Милано. Поводот секако беше ревијата на Prada што ја дефинираше палетата на бои не само на пистата туку и на самата ревија, но и во публиката. Моделите на италијанската модна куќа во зелена, розева и портокалова, кои светеа во неон, станаа невиден моден хит за неколку часа.
Но мини ташните беа само почетокот и сигналните неонски нијанси почнаа да се редат и пренесуваат на џемпери, фустани, панталони, палта и се што уште ви паѓа на памет.
Начинот на носење на неонски бои ни од далеку не е толку провокативен колку можеби изгледа на прв поглед. Боите од оваа палета се всушност супер оружје и за дамите со побледа кожа, но и за потемните. Кај првите нагласуваат едни, додека кај другите се фокусираат на сосема други предности.
Неонот е совршен во комбинација со тексас. Се истакнува одлично и во комбинација со целиот спектар на тонови на кожата.
Фустаните или сетовите од два дела обоени целосно во неонски бои се одлична реинкарнација за храбрите. Повеќе контроверзните претпочитаат додатоци во овие модерни тонови.
Модни парчиња од два дела – јакна и здолниште или палто и панталони, во различни неонски бои кај горната и долната половина, исто така се истакнуваат како огромен самостоен тренд.
Смело посегнете кон неонските бои и ќе ги направите ваш светол сопатник оваа есен!










