Најверојатно дома веќе го имате она што ви треба. Случајно супер лепакот залутал во вашите раце и облека? Не паничете!
Направете лесен, чистач за отстранување на супер лепакот:
Направете паста од подеднакво поделено количество кокосово масло и сода бикарбона, вели Мелиса Мајер, авторка на “Чистење на мојот простор: тајната на подобро и побрзо чистење на мојот дом секој ден”.
Потоа нанесете ја смесата на кожата и оставете ја да делува 10-15 минути. Кога ќе истече времето, нежно протријте ги рацете и измијте ги со сапун.

За ткаенини, користете нож или жилет.
После тоа, натопете ја белата ткаенина со ацетон и внимателно допрете на дамките од лепилото за да не фатите дел од облеката што не е лепак.
Кога лепилото ќе омекне, со нож или жилет остранете ги парчињата и измијте ја облеката.
Не пробајте го ова на чувствителни ткаенини, оставете го на професионалците.
Овој процес со ацетен не се применува на вештачки материјали, бидејќи може да ги топи, советите се однесуваат на природни материјали.
