Art & Crafts

Како да исчистите стаклени шишиња

Стаклените шишиња често се многу тешки за миење. Ни се чини дека земаат многу време за “рибање” на нив. Имаме мака и со внатрешните флеки и остатоци од сокот, но и со налепниците. Ви одвојуваме неколку предлози за чистење на шишиња.

Чудотворни зрнца

Еве еден од најделотворните начини за чистење на шишиња. Најмногу зазслуги за чисти шишиња имаат ориз и песок. Се што ви е потребно е 1 лажица несварен ориз по шише, детергент за садови, вода и чист песок.

Грубо исперете ги шишињата со млаз вода. Во шишето оставете малку вода на дното. Додадете малку детергент. Додадете 1 лажица ориз, затворете го и тресете го некое време. Потоа само исплакнете го со млаз вода.

Сол и детергент

За секое шише ви е потребно околу 2 лажици грува морска сола (што е покрупна тоа е подобро). Истурете ја во шишето додадете малку детергент и топла вода. Затворете го добро шишето и протресете го неколку пати. Потоа само исперете го со млаз вода.

Налепници

Ако шишињата имаат налепници и остаток од лепак можете да ги исчистите на овој начин. Наполнете голем сад во топла вода (само не премногу врела). Наполнете го и шишето со топла вода. Во садот истурете 1/2 шолја сода бикарбона и 2 лажици детергент за садови. Ставете го шишето во садот со топла вода и додадете 2 шолји оцет. Оцетот и содата ќе реагираат и ќе се направи пена, а налепниците лесно ќе се излизгаат од шишето.

 

Write A Comment