Многу пати ви се случило да ја исперете облеката и истата да се стесни, па да си помислите дека нема поправка? Немојте да се грижите има решение и за тој проблем. Денес ви кажуваме метода со која ќе ги спасите омилените парчиња облека, кои се уништени од машината за перење или сушење.
Чекор 1. Во млака вода со бејби шампон потопете ја облеката. Влакната на ткаенината ќе омекнат.
Чекор 2. Извадете ја облеката надвор од растворот и исцедете без да плакнете.
Чекор 3: На голем пешкир распостелете ја облеката како кога ја подготвувате за пеглање.
Чекор 4: Завиткајте ја облеката во големиот пешкир за да може да се впие вишокот вода. Облеката треба да биде влажна, а не мокра.
Чекор 5: Распослајте ја облеката на сув пешкир, а потоа почнее рамномерно да ја растегнувате од сите страни.
Чекор 6: Кога ќе се врати во оригиналната големина, престанете да ја растегнувате и оставете да се исуши на пешкир.