← НАЗАД НА БОЗА

Како да ослабете дури и кога генетиката не е на ваша страна?

Како да ослабете дури и кога генетиката не е на ваша страна?
100 Читања

Ако повеќето членови на вашето семејство се гојазни – вклучувајќи ве и вас, не грижете се.

Добрата вест е дека проблемот може да се реши. Иако претходните истражувања покажаа дека генетиката игра улога во тоа каков ќе биде индексот на вашата телесна маса, дебелината во никој случај не е инхерентно предодредена.

Процентот на дебели луѓе се зголемил од 1990 година од 11,6% на 29,4%, но д-р Ден Делски причините пред се ги гледа во промените поврзани со средината на живеење и нашиот животен стил, а не промените поврзани со човечката ДНК.

“Процентот на дебели луѓе драматично се зголеми, но човечкиот ген не се смени”, вели Делски.

Според анкетата објавена во магазинот “PLOS Medicine”, предиспозицијата за дебелина може да се намали за 40 проценти со вежбање.

Затоа, пред да ја префрлите целата вина за вишокот на килограми на вашите родители, бидете искрен со себе и запрашајте се колку сте физички активни во текот на денот.

Дали вежбате 150 до 300 минути неделно? Исто така, ако вежбате, кога последен пат сте ја промениле вашата рутина?

Нашиот метаболизам брзо се прилагодува на одреден режим, така што е неопходно да се менува секои 6-8 недели, а покрај кардио-тренингот, исто така би било добро да се вклучи и тежински тренинг.

Се разбира, физичката активност треба да биде проследена со соодветна исхрана. Од неа целосно исфрлете го шеќерот (ова е прво и основно), намалете го белото брашно на минимум, држете се подалеку од индустриски преработената храна и вклучете многу зеленчук и неколку овошни порции дневно.

Во секој случај, без оглед на вашите гени – само вие имате моќ да ги контролирате вашите навики.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk