← НАЗАД НА БОЗА

Како да се ослободите од акните на задникот?

Како да се ослободите од акните на задникот?
212 Читања

Акни на задникот и на задниот дел од нозете? Не сте единствени! Можеби се прашувате дали е ова се места каде вообичаено се појавуваат акни? Апсолутно да! Многу од лицата кои имаат акни на лицето можат да развијат акни на кој било друг дел од телото, вклучувајќи го и задникот и задниот дел од нозете. Кожата на овој дел од телото и подебела и има поголеми пори, па појавата на акни е сосема вообичаена.

Всушност оние мали израстоци имаат свое име, фоликулитис. Тие се формираат поради мртвите клетки на кожата и бактериите во фоликулите на влакната. Воедно, често се појавуваат кај жени кои се физички активни. Но, добрата вест е дека можете да се ослободите од нив, па дури и да ја спречите нивната појава.

Носете облека во која кожата слободно ви дише

Памукот е секогаш најдобра и најудобна опција.

Чистете го местото

Секојдневно доаѓаме во контакт со многу анаеробни бактерии, кои се одговорни за акните, бидејќи не им е потребен кислород за да преживеат. Тие се хранат со себум и нечистотија и можат да растат и да се распространуваат многу бргу. Одбрнете внимание на долната облека, материјалите како најлон и се што ја нарушува природната перспирација, и доведува со иритации и задушување на кожата може да ја стимулира појава на акни.

Туширајте се веднаш по вежбањето. Облеката натопена во пот е вистински рај за развој на бактериите кои влијаат на појавата на акни на задникот. Воедно во текот на туширањето можете да користите луфа или сунѓер за туширање, со што поефикасно ќе ја отстраните потта, бактериите и мртвите клетки на површината. Не заборавајте по туширањето да ги измиете сунѓерот или луфата.

Пилинг

Се изгледа подобро кога е мазно. Пилингот со гранули е одличен начин за чистење на порите, дозволувајќи и на вашата кожа да дише. Најдобро е користите пилинг на сува или речиси сува кожа. Иако ова нема да ви помогне да се ослободите од веќе постоечките акни, ќе ви помогне да спречите појава на нови.

Користете состојки за борба против акните

Производите со бензоил пероксид, кој најчесто можете да го најдете како состојка во геловите за туширање, можат да ви помогнат во борбата против акни. Оваа состојка бргу делува, така што ги суши и елиминира мртвите клетки кои го затвораат фоликулот на влакната. Може ефективно да се користи против сите видови на акни и црнки. Тој е антибактериски, што значи дека ги убива бактериите наместо полека да го намалува нивниот раст.

Салицилната киселина го минимизира прогресот на акните преку вршење на хемиски пилинг на кожата и намалување на воспаленијата. Салицилната киселина всушност ја разградува супстанцата налик на лепак која ги држи мртвите клетки заедно над затворените пори, и ги отвара фоликулите. Можете да користите млеко за тело со салицилна киселина.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk