Кромидот и лукот се одлични состојки во храната, кои во голема мера може да придонесат за вкусот на оброкот, но уживењето во нивниот вкус ќе го платите со лош здив. Не плашете се, прочитајте ја оваа статија и ќе го научите најлесниот метод за отстранување на лошиот здив.
Како да се ослободите од лошата миризба на кромид и лук
Земете една лажица сенф, чувајте ја во устата околу една минута пред да ја плукнете. Тогаш земете уште една лажица сенф и голтнете ја. Сенфот ќе се спушти во стомакот и ќе го убие непријатниот мирис на кромидот во целото тело.
Понекогаш мирисот на лукот или кромидот допира до белите дробови, па кога дишете го чуваствувате непријатниот здив. Конзумирањето на сенф ги уништува овие последици.
Јадете свеж магдонос, нане, и пијте чај од ментол.