← НАЗАД НА БОЗА

Како децата ве уценуваат емоционално?

Како децата ве уценуваат емоционално?
49 Читања

Една од најчестите форми на манипулација е емоционалната уцена, која што може да биде многу опасна.

Тоа се случува кога детето намерно изразува емоции што знае дека ќе предизвикаат непријатност кај возрасните.

Децата во училиштата, вели докторот по психологија Дејвид Свонсон, се најголемите манипулатори, па родителите треба да бидат внимателни да не бидат измамената страна.

– Доколку му кажете да ја напише домашната работа, тоа често ќе реагира вака: “Само сакам да ја погледнам новата епизода од серијата, а потоа ќе ја напишам. Зошто никогаш не можам малку да се забавувам пред домашната? На тебе не ти е гајле за мене!” – наведува во примерот Свонсон.

Тој вели дека тоа е класична уцена, а родителите треба да му дадат до знаење на детето дека нема да наседнат.

– Треба да му кажете дека разбирате како се чувствува и дека се грижите за него, но дека останувате доследни своето барање – вели експертот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk