Сон на секоја жена е да го одржи лакот барем една недела. Со неколку трикови, ова е сосема возможно.
Најважно е да се подготват ноктите, да ги средите нивните површини, што ќе обезбеди трајност на маникирот. Пред лакирање избришете ги ноктите со памук натопен во ацетон. Тој ќе ги отстрани сите можни остатоци.
После неколку минути, потопете ги ноктите во топла вода, така што кожата околу ноктот ќе омекне, за да можете покасно да го исечете вишокот.
Ставете темелен лак за нокти, кои ќе ги штитат ноктите од бојата на лакот, кој подоцна ќе го ставите, и можете да ставите целосно проѕирен лак. Ноктите лакирајте ги полека. Започнете со цртање од средината на ноктот, потоа на лево и десно. Обавезно оставете милиметар простор од кожата до почетокот на лакот, почекајте лакот добро да се исуши, и нанесете уште еден слој транспарентен лак.
Токму овој слој на добро подготвени нокти и внимателното применување ќе ви обезбеди долготрајност. И да не заборавиме, важно е слојот да не е премногу дебел, така што може брзо ќе се исуши.