← НАЗАД НА БОЗА

Како е да се биде родител во денешно „модерно време“

Како е да се биде родител во денешно „модерно време“
182 Читања

Раѓањето на детето многумина го опишуваат како најсреќен момент во животот. Мајките неможат да престанат да зборуваат за децата и нивните достигнувања, татковците се горди на синовите кога тие ќе се степаат или кога ќе дадат гол на натпревар … но голем број од нив многу повеќе сакаат да одат на работа само за да не мора да ги чуваат децата. Звучи познато?

Истражувањето спроведено врз повеќе од 1.500 родители во Велика Британија откри интересни работи за магијата на родителството. Всушност, дури 31% од испитаниците признале дека е потешко да останат дома со децата отколку да одат на работа.

“Да станете родител е навистина неверојатно искуство, но ние исто така знаеме дека ова ново поглавје во животот носи голема доза на стрес и грижи. Ние сакавме да видиме како новите родители дишат и како се справуваат со децата во првите неколку години од својот живот, додека сите заедно не се приспособат.Сакавме да видат како сите тие ги имаат истите проблеми и предизвици и да ги поддржиме на најдобар можен начин “, вели еден од авторите на истраѓувањето Ребека Бенет.

Amy Whipple-Myers, инструкторка во Центарот за семејство во кој родителите можат да дојдат со мали деца и да ги остават на чување, со цел да се одморат и да ги наполнат батериите или да поразговараат со некого, не е изненадена од резултатите од истражувањето.

“Родителството е исцрпувачко. Родителите мора да најдат барем еден час дневно за себе. Еден час за да ги наполнат батериите бидејќи да се биде дома со децата е само давање и давање и давање и така цел ден “, објаснува Ејми.

“Сакаме да ги поддржиме младите родители во тоа дека имаат право да се грижат и за себе и дека тоа е нивна должност”, додава таа.

Други признанија и впечатоци кои анкетираните родители ги споделија со јавноста се: додека имате мало дете заборавате да го испиете чајот, ќе ги јадете повеќето оброци со едната рака, грбот ќе ве боли постојано и не помалку важно: ќе чувствувате безусловна љубов кон своите деца.

Истражувањето покажа дека и 77 проценти од испитаниците поради социјалните мрежи има чувство дека мора да се натпреварува со останатите родители, а 22 проценти имаат постојан притисок дека мора да бидат совршени родители.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk