← НАЗАД НА БОЗА

Како да ви биде потопол домот?

Како да ви биде потопол домот?
117 Читања

Сакате да ви биде потопло во домот, но да го засилите греењето претставува дополнителен трошок за вашиот домашен буџет?

Топлината обично се губи преку вратите или прозорците, па изолирајте ги со гумена или силиконска лента или пластична фолија со меурчиња. Со спуштањето на ролетните, топлината подолго ќе се задржи.

Избегнувајте го оставањето на прозорците и вратите од терасите “на кипење”, наместо тоа проветрете го станот неколку пати на ден по пет минути па затворете ги прозорците или вратите.

Многу енергија се троши со загревање на ладниот простор, затоа одржувајте ја температурата во текот на денот на 20 и во текот на ноќта на 15 степени.

Со спуштањето на надворешните и внатрешните ролетни топлина ќе се задржи подолго, а парното не го покривајте со завеса или мебел. Ставете тепих на плочките или паркетот кој што е одлична изолација.

Ако во куќата имате оџак што не е во употреба, би било добро да го затворите (оставете отвори за вентилација) бидејќи тој е како дупка во таванот преку која влегува студениот воздух, па се губи околу 25% од потребната енергија за загревање на просторот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk