Иако децата воглавно пратат ист пат, фактори кои влијаат на развојот и растот на бебињата се бројни. Добриот сон и генетиката имаат водечка улога.
Девојчињата обично се раѓаат со повеќе масно ткиво, додека момчињата обично се подолги и потешки.
Во првите месеци од животот, кога долго и многу се спие, момчињата побрзо растат, но во седмиот месец оваа динамика се менува и се до четвртата година девојчињата растат побрзо.
Момчињата со растењето ги стигнуваат дури околу осмата година, а стануваат потешки од врсничките кога наполнуваат девет.
Сепак важно е да се свати дека овие разлики едноставно го одржуваат просекот, додека поединечно девојчињата и момчињата многу се разликуваат.
Останатите генетски причинители се многу поважни; на пример, ако и вие и парнерот сте повисоки од просекот, вашето бебе исто така ќе биде високо, иако ниските баби и дедовци можат ова да го поништат, така да важно е да се разгледа пошироката генетска слика.
На крајот, еве една интересна прерачунка: Ако имате ќерка, измерете ја нејзината висина кога наполнува 21 месец, па дуплирајте го тоа. Тоа отприлика е висината која ќе ја има кога ќе порасне.
За синот ќе морате да причекате додека не наполни точно една година, кога ќе достигне половина од висината која ќе ја има кога ќе порасне.
