Motherhood

Како се лекува детскиот егоизам?!

Детето верува дека е специјално во светот во кој живее. Се наоколу му изгледа неважно ако не ги засега неговите проблеми, како желбата да има чоколадно јајце веднаш или барањето неговата мајка да го посвети целото внимание за да игра со него.

Егоизмот е особено изразен кон родителите. Тие треба да ги исполнуваат неговите желби, бидејќи во спротивно тоа смета дека не го сакаат доволно.

Еден од кризните моменти во животот на детето е кога ќе се роди помало братче или сестриче.

Вниманието што се посветува на новиот член од семејството прави поголемото дете да се чувствува излишно и запоставено.

Најдобриот начин за надминување на кризата е да успеете да го натерате детето да се чувствува како дел од тимот што се грижи за новото бебе. Покажете му се, како се менуваат памперси, како се храни, бања и сл.

Уверете го дека се ќе биде како претходно, дури ќе биде и поубаво, зошто штом бебето порасне, ќе си има ново другарче со кое ќе си игра.

Најважно е да успеете да создадете кај поголемото дете грижа и одговорност кон помалото. Така дефинитивно ќе можете да изградите хармонични односи помеѓу нив во иднина.

Во секој момент од својот развој детето треба да знае дека светот не се врти околу него и освен со себе си, треба да се сообразува и со желбите на останатите. Веројатно дека во почетокот ќе се лути, но покасно ќе ви биде благодарно затоа што израснал во квалитетен човек.

Write A Comment