Вашето малечко ќе го погледне саканиот предмет, ќе емитува звуци и ќе мавта со рацете, сaмо е важно да го слушате..
Бебињата се паметни “мали луѓе” и имаат неверојатна способност да комуницираат со родителите со движења. Знаковниот јазик е ефикасен начин да се премости “jaзот” додека бебето не почне да зборува. Новороденчињата ги користат своите раце да “кажат” што мислат, како се чувствуваат и што сакаат.
Најважно е да ги пратите движењата на бебето
Вашето малечко ќе ги покаже своите намери така што ќе гледа во саканиот предмет и со прстот ќе покажува на него, со тоа ќе произведува и звуци, а воглавно сето тоа во исто време.
Детето е во состојба да покаже дека е гладно, жедно, уморно…За да се разберете полесно со вашето бебе, стручните лица советуваат додека им зборувате за нешто, тоа и да го покажувате.