Мода

Каква сукња ѝ одговара на градбата на вашето тело?

Со доаѓањето на топлите денови местото на омилените панталони ќе го заземат сукњите, а многу жени се уверуваат дека својата градба на тело не можат да ја ускладат со ова женствено парче облека. Сепак, правилно избраниот материјал, должината и кројот како магично стапче можат да ги стеснат колковите, визуелно да ги издолжат нозете и да створат облини. Ви откриваме кои модели на сукњи одговараат на различните форми на тело. 

Круша – поизразени колкови и нагласен задник 
Сукњите што од колковите се шират и паѓаат и се направени од лесни материјали визуелно ќе ги намалат широките колкови и истакнатиот задник. На градбата во форма на круша ѝ прилегаат и молив-сукњите до колена. Мал трик што визуелно ќе ја издолжи фигурата е детаљ на бочната страна како патент, а секако избирајте потемни нијанси на ткаенини. Балон-сукњите што се шират од струкот треба да ги избегнувате бидејќи овој модел ги истакнува колковите.

Јаболко – нагласен дел околу струкот 
Асиметричните кроеви го прикриваат стомакот и ствараат впечаток на поголеми колкови, па затоа се идеални за сите што имаат градба на тело како јаболко. Ако ваш адут се тенките нозе, изберете должина на сукња над колената, но без набори со повисок струк. Овој модел ги прикрива критичните зони.

Спортска градба – тесен струк и момчешки колкови 
Ѕвоенстите или А-кроеви на телото без облини ги прошируваат тесните, момчешки колкови, а овие модели можете да ги комбинирате со кратки топови сечени до струкот и широки блузи. Макси-сукњите исто така се идеални во визуелното стварање облини, но избегнувајте рамни кроеви и избирајте слоевити, богати „џипси“ модели.

Ситна и ниска градба 
На „Џебните Венери“ им прилегаат тесни, припиени сукњи со кратки должини, избегнувајте миди и сите кроеви што ги преминуваат колената бидејќи тие ги скратуваат нозете. Моделите со А-крој и со вискот струк ја издолжуваат фигурата, комбинирајте ги со блузи на преклоп и со маици.

Напиши коментар