Новости

Канје Вест живее во страв дека Ким ќе го напушти: „Постојано размислувам за самоубиство“

Канје Вест ги контактирал членовите на кланот Кардашијан-Џенер после своите изјави дека 400-годишното ропство било избор, а не принуда, за да ги праша дали поради таквите коментари Ким Кардашијан ќе го остави. Признава дека бил убеден оти Ким ќе бара развод, како и дека цело време размислувал за самоубиство.

– Една недела откако за ропството го изјавив она што веќе сите знаете дека го кажав, почувствував дека енергијата околу мене е на ниско ниво, па ги побарав повеќето членови од нивното семејство да ги прашам дали Ким планира да ме остави – признава раперот во интервју за New York Times.

Канје, кој во 2016 година доживеа нервен слом, открива дека често има суицидални мисли.

– Цело време размислувам за самоубиство. Тоа секогаш е опција – открива музичарот.

Напиши коментар