← НАЗАД НА БОЗА

Карамелизирани костени

Карамелизирани костени
171 Читања

Костените на француски начин се вистинско есенско уживање што ќе ги разбуди вашите сетила.

Есента не ја сакаме поради студеното и дождливо време, но оваа сезона ни носи варено вино и костени. Доколку до сега сте пробале варени и печени костени, време е да ги пробате оригиналните француски карамелизирани костени.

Карамелизираните костени често можат да се најдат на француското мени за десерти. Тешко е да се опише нивниот вкус, особено ако сметате дека печен костен е нешто помеѓу вкусот на печени компири и кикирики. Карамелизираниот костен е сладок (што е логично),има мека и многу деликатна текстура. Можете да ги подготвите и да ги јадете како бонбони.

Сè што ви е потребно за овој рецепт се костени и шеќер.

Подготовка:

Костените сварете ги или испечете и исчистете од кората. Истурете шеќер во тава и рамномерно распоредете го. На средна температура растопете го шеќерот, без да го мешате. Откако ќе стане течен, започнете со мешање, но внимавајте да не изгори. Отстранете ја тавата од ринглата кога карамелата ќе почне да станува златна.

Ставете фолија на рамна работна површина. Подигнете еден крај и ставете нешто под него за да ја задржите карамелата во една насока. Ставајте ги костените во карамелата и оставајте ги на фолијата за да се исушат.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk