Во летниот период, пигментацијата на кожата е многу честа појава.
Најчесто се гледа на рацете и грбот.
Кожата на рацете е најмногу изложена на штетни фактори, а бидејќи ги содржи најмалку потните жлезди, таа дехидрира и старее побрзо.
Затоа е важно редовно да ги негувате рацете со соодветни креми кои ја хранат и во исто време ја заштитуваат кожата од штетно изложување на сонцето.
Ако сакате да ги отстраните дамките на вашите раце, обидете се со маска за белење што ја користат Индијките.
Ви треба сок од лимон и куркума во прав, која е антивоспалителна и и дава на кожата сјај.
Измешајте една лажица куркума во прав со една лажица сок од лимон и нанесете на пегите, поточно дамките.По 15 минути исплакнете со ладна вода.
Ако имате многу чувствителна кожа, разредете го сокот од лимон со вода, а можете да го замените и со млеко.