Мојата кујна

Кнедли од гриза за супа

Наједноставен и најбрз рецепт за меки кнедли од гриз за во супа. Се топат во уста и се одлична алтернатива за оние, кои не сакаат фиде.

Време на подготовка:  1 минута

Време на варење:  5 минути

Состојки:

  1. 1 јајце
  2. Малку сол
  3. 4 рамни лажици зејтин
  4. 8 рамни лажици гриз

Подготовка:

Изматете го со маталка јајцето со солта. Додајте го зејтинот, а потоа и гризот. Измешајте додека се не се хомогенизира. Смесата за кнедлите ќе Ви биде потечна, затоа оставете ја да отстои неколку минути и самата ќе се згусне. Откако супата ќе зоврие, со мала лажичка вадете од смесата за кнедли и ставајте ги во супата (имајте во предвид дека кнедлите ќе набабрат, затоа пазете на нивната големина). Варете ги уште 5 минути со супата. На здравје.

Напиши коментар