← НАЗАД НА БОЗА

Кога на децата треба да им се каже вистината?

Кога на децата треба да им се каже вистината?
25 Читања

Ова е време на годината кога родителите повеќе од било кога се обидуваат да ја „одржат“ магијата …

Но, што ако детето ве праша дали навистина постои Дедо Мраз?

Празниците се најволшебниот период од годината, но Дедо Мраз е дефинитивно „карактер“ кој на децата им претставува прва асоцијација за новогодишните празници.

Веројатно секој од нас во првите неколку години од својот живот верувал дека постои деденце кој ќе ни донесе подарок доколку сме биле добри во текот на годината … и нема ништо лошо во тоа.

Факт е дека во одреден момент детето треба да дознае дека сето тоа било лага, но, дилемата која ја имаат многу родители е – кога да им кажете на децата дека Дедо Мраз не постои?

Психологот и експерт во родителство, д-р Џастин Колсон вели: „Од моето искуство, децата стануваат љубопитни меѓу петтата и седмата година од животот. Тоа е постојана тема на разговор и често велиме дека ништо не треба да биде тајна: знаењето е моќ. Затоа, кога детето ќе дојде од училиште и ќе не погледне со тажни, прашувајќи не: „вистина е дека Дедо Мраз не постои? Мојот пријател вели дека не постои“, што да речеме? Вистинското време за на детето да му ја кажете вистината е веднаш штом ќе ве праша. Доколку е доволно возрасно да ви го постави тоа прашање, доволно е возрасно и да ја знае вистината.“

Д-р Колсон рече дека неодамна разговарал со мајка која целото семејство ја „нападнало“ дека ја уништила празничната магија со тоа што му ја кажала на детето вистината.

Но, психологот мисли дека секогаш е подобро да се каже вистината. Како да му кажете на детето дека Дедо Мраз не постои.

Постојат два начини да го направите ова: или едноставно да му признаете, или да му кажете на детето критички да размислува за целата логика на таа приказна.

Д-р Колсон истакнува дека, кога му ја кажувате на детето вистината, напоменете дека ова е тајна, бидејќи другите родители можеби уште не им рекле на своите деца.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk