← НАЗАД НА БОЗА

Кого ќе го повикате? Истерувачи на духови, по трет пат!

Кого ќе го повикате? Истерувачи на духови, по трет пат!
89 Читања

По „пропаднатата“ женска верзија на хитот “Ghost Busters”, оригиналниот тим ќе сe собере и ќe го снима третиот дел од оваа приказна!

Актерот и комичар Ден Екројд им кажа на американските медиуми дека „постои сценарио“ што ќе ги собере останатите членови на оригиналната филмска екипа.

Во оригиналот, главните улоги ги толкуваат Екројд, Бил Мареј, Сигурни Вивер, Ерни Хадсон, Рик Моранис и покојниот Харолд Рамис, а Екројд се надева дека останатите актери ќе се согласат да снимаат нов филм.

“Знам дека Бил никогаш не беше премногу заинтересиран за продолжување на оваа приказна, но сценариото е толку добро, мислам дека нема да може да го одбие. Дури и ако го глуми само духот”, рече тој.

Оригиналниот “Ghost Busters” беше снимен во 1984 година, продолжението пристигна пет години подоцна, а во 2016 година ја гледавме женската верзија што беше дочекана од критичарите “на нож”. Потсетете се на првиот филм!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk