Sweet Home

Кои бои одговараат на просториите во домот според Фенг шуи

Иако бојата која одговара на одредени простории зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и нивната намена и елементот кој во нив владее, постојат бои кои никако не се препорачуваат на пример во кујната, тоалетот, спалната соба…

Купатило – бидејќи во оваа просторија владее елементот на вода, во него не би требало да преовладува црвената боја која е во конфликт со водата. Тука се препорачува сина боја и бои кои одговараат на страната на која се наоѓа или пак боја која лечи, ако тоалетот се наоѓа на северна страна.

Кујна – најдобри бои за кујната се жолта и зелена. Жолтата е елемент на земја која дава храна, а зелената е боја на изобилство. Може и црвена бидејќи претставува оган на кој готвиме иако во кујната има и вода па треба да се балансираат тие два елементи со додавање на зелена боја.

Модерните кујни се често пати од дрво и во природни бои на дрво, што е добро бидејќи ја намалува борбата помеѓу водата и огнот, а истовремено го храни огнот.

Треба да се избегнуваат сини кујни, иако на прв поглед изгледаат интересно, не одвлекуваат од готвењето. Белите кујни изгледаат чисто но се стерилни, во нив нема живот. Ако имате кујна со неповолни бои, ставете детали во поволни нијанси. Обојте го ѕидот, додадете чаши или садови со боја која одговара.

Дневна соба – во оваа просторија се прифатливи многу бои особено жолтата која е добра бидејќи создава чувство на заедница, поттикнува разговор и комуникација.

За оваа соба треба да се следи личниот избор на бои, па ако постои некоја посебна желба, тогаш треба бојата да се стави на одговарачката страна на светот.

Спална соба – во неа оговара сина боја бидејќи поттикнува опуштање, смирување и сон. Но нема да и одговара на секоја личност и секоја спална соба па затоа не треба да се форсира.

 

Напиши коментар