Motherhood

Кои се идеалните години за да станете мајка

Нелогично е прашањето за тоа кои се идеалните години за да станете мајка. Секоја жена станува физички, но и психички зрела за мајчинство во различен период. Одлука за тоа треба секоја жена да ја донесе сама, кога ќе почувствува дека е подготвена за тоа. Меѓутоа, на ум треба да има само една работа, а тоа е дека жените се плодни само во одреден период.

Ако се обидувате да затрудните, факт е дека од 20-тите до 30-тите години се вистинскиот избор, што не значи дека после тоа е доцна, туку напротив! Плодноста на жената почнува да се намалува во периодот од 32 до 37 години.

Значи, биолошки гледано, дваесетите се најдобро време за мајчинство, вашето тело е тогаш најмоќно, но многу жени во 20-тите сеуште не се спремни да им обезбедат се што е потребно на еден дете, а тоа се економска и социјална сигурност.

 

Во доцните триесетти години, се појавуваат многу фактори кои можат негативно да влијаат на плодот, каде често  доаѓа до губење на плодот или пак децата се раѓаат со некоја мана. Ова, секако, не е во 100% случаи, но, секако, може да се случи, ако станува збор за бременост во подоцнежните 30-ти.

 

Меѓутоа, се смета за здравата бременост онаа во 30-тите години, каде на детето му е  загарантирана зрела и веќе остварена мајка, која е подготвена целосно да му се посвети.

 

Напиши коментар