Несомнено, децата најдобро се чувствуваат кога родителите ги донесуваат одлуките.
Секако дека е важно што одлучуваат родителите, но за здравјето и благосостојбата на децата најважно е како тие одлучуваат. Многу е важно дали родителите ги донесуваат одлуките на диктаторски начин, демократски, круто, флексибилно, дали се променливи како ветерот или нивните одлуки едноставно се логични.
И децата и возрасните најмногу сакаат кога се согласуваат во врска со одлуката. Предуслов за да се успее во тоа е родителите претходно да размислат за вредностите врз основа на кои сакаат да го градат семејството. За некои вреднсоти сме свесни, додека некои не ги ни забележуваме. Ретко ги формулираме, но непрестано ги изразуваме преку зборови и дела: детето мора да ги слуша своите родители бидејќи тие знаат најдобро.
Во демократско опкружување, и детето учествува во одлучувањето.
Сега многу повеќе знаеме за тоа како се оформуваат децата. Голем дел од тоа што нашите родители или баби и дедовци го сметале за добро за децата подоцна се покажало дека е погрешно.
Модерните родители имаат пред себе прилично сложена задача кога треба да донесат одлуки во врска со децата. Важно е родителите да одлучуваат, но важно е и нивните одлуки да им пружаат на децата што е можно подобри услови за развој. Тоа значи родителите во голема мера да се откажат од моќта која традиционално ја имале, а при тоа да не се ослободат од должностите во врска со оние кои ги водат. Станува збор за многу тешка задача за која родителите се ретко однапред подготвени, задача која бара подготвеност за заедничко учење со децата се додека не бидат доволно возрасни за да можат сами.
Тој процес на заедничко учење неизбежно води до расправии и фрустрации. Двете страни ќе се лутат, ќе бидат несреќни и изнервирани, но баш така и треба да биде. Расправиите помеѓу децата и родителите не укажуваат на тоа дека родителите лошо си ја вршат работата. И децата и родителите учат од расправиите, а во успешните семејства одговорноста за расправиите ја преземаат родителите. Кога родителите ќе ја префрлат вината на децата станува збор за неодоговорно водење кое предизвикува нови и уште подеструктивни расправии.
