← НАЗАД НА БОЗА

Кој си? Каков си? Која е смислата на твојот живот?

Кој си? Каков си? Која е смислата на твојот живот?
169 Читања

Понекогаш за да продолжиш понатаму, прво мора да застанеш. Да запреш и да размислиш каде всушност сакаш да продолжиш. Или пак едноставно да се замислиш… Без посебна цел.

Не секогаш е потребно да бараш друга насока, но пак сигурно е потребно понекогаш да гледаш малку подлабоко во себе. Бидејќи ние растеме, се менуваме, перцепциите ни се менуваат… понекогаш дури и без да сватиме тоа.

Зато решивме да ве испровоцираме со нешто што не провоцира и самите нас. Доколку одговорите на овие 18 прашања, можеби полесно ќе разберете какви се всушност вредностите кои го осмислуваат вашиот живот.

  • Ако можете да се соочите со светот и да изнесете 30-минутен говор, што би ни кажале на сите нас?
  • Ако знаете дека ќе умрете на полноќ, што би направиле во 23:45?
  • Како навистина разбирате и знаете нешто со сигурност?
  • Ако ги имавте сите пари на светот, но сепак требаше нешто да работите, што би одбрале да правите?
  • Кога ќе наполните 90 години, кое е тоа нешто што ќе има најголемо значење за вас?
  • За што жалите најмногу до сега во вашиот живот?
  • Како може да ја примените уште денес лекцијата што ја научивте од она што го опишавте како нешто за што најмногу жалите до сега?
  • Што би промениле, ако ви кажат дека со 100% сигурност дека под каква и да е форма Бог не постои?
  • А ако до сега не сте верувале во Бога, а докажат несомнено дека тој постои – што би промениле?
  • Ако утре загубите се, кон чии раце би сакале да истрчате, за да ве прегрнат? Знае ли тој човек колку многу ви значи?
  • Се плашите ли од смртта? Ако одговорот е “ДА” – имате ли добра причина за тоа токму сега?
  • Што би промениле ако знаете дека никогаш нема да умрете?
  • Ако замислите дека сте пред портите на рајот и Бог ве праша: “Зошто треба да те пуштам?” – Што би му одговориле?
  • Кога ќе бидете доволно добри за себе? Има ли некоја точка на прекршување, во која конечно ќе ја прифатите целата вистина за самите себе?
  • Земјата во која живеете во моментов, навистина ли е најдобрата опција за вас?
  • Што мислите дека ќе речат луѓето за вас на вашиот погреб?
  • Што е тоа мало нешто што можете да го направите, за да го направите денот на некој подобар?
  • Што мислите дека стои помеѓу вас и вашата потполна среќа?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk