← НАЗАД НА БОЗА

Колач од рогач

Колач од рогач
128 Читања

Состојки

  • 4 јаболки
  • 1 чаша брашно
  • малку шеќер
  • 4 јајца
  • 5 лажици мелен рогач
  • малку млеко
  • 1 чоколадо за готвење
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 квасец
  • малку рум
  • кокосово брашно од прилика
  • бадеми/ореви/лешници од прилика
  • една рака суво грозје

 

Подготовка

Изрендајте ги јаболките, посипете ги со ванилин шеќер, квасец, суво грозје и оставете ги да одстојат.

Одвојте ги четирите жолчки, измешајте ги со шеќерот и со рогачот. Мешајќи додадете брашно и млеко колку е потребно за да биде смесата мазна.

Белките изматете ги во шлаг.

Измешајте ги јаболките во смесата, додадете ги изматените белки.

Целата смеса истурете ја во тепсија покриена со хартија за печење.

Печете 30 минути на 180 степени.

Кога колачот ќе се испече врз него истурете чоколадна глазура истопете чоколадо во млеко) и декорирајте со кокос /бадеми / ореви и слично.

Пријатно!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk