Мојата кујна

Колач со јаболки

Потребни состојки:

5 јајца

350 гр. брашно

200 гр. шеќер

½ кесичка прашок за пециво

1 кесичка ванилин шеќер

3 средни јаболки

6 лажици ладна вода

Начин на подготовка:

Измешајте го  шеќерот со ванилиниот шеќер, и брашното со прашокот за пециво. Со миксер добро измешајте ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер се додека смесата не стане пенаста. Додадете го брашното со прашокот за пециво и додајте ја ладната водата со лажица едно по едно со константно мешање со миксер и на крајот се додава ренданото јаболко.

Плехот обложите го со хартија за печење и истурете го тестото. Се пече во загреана рерна.

На здравје!

Напиши коментар