← НАЗАД НА БОЗА

Колку е старо вашето тело, во зависност од тоа во каква форма сте?

Колку е старо вашето тело, во зависност од тоа во каква форма сте?
38 Читања

Вежбањето им се советува на сите затоа што е одлично за здравјето.

Знаете колку години имате и колку сакате да го намалите овој број, тоа е едноставно неизводливо. Што е со вашите фитнес години?

Ова се години кои можат да се зголемат, но, исто така, да се намалат во зависност од вашите витални мерки.

Концептот започна во 2006 година и беше воведен од норвешкиот професор по физичка психологија,  Улрик Вислоф, кој разви алгоритам кој открива колку нашето тело е навистина старо.

Еве како можете да ги пресметате фитнес годините, чекор по чекор. Но запомнете, што и да правите, не можете да го промените бројот во вашиот извод од книгата на родени.

Се што треба да направите е да ги следите следните чекори.

Направете ги овие неколку тестовии доколку не сте задоволни со бројот што сте го добиле, посветете се малку на вашето вежбање, па ситуацијата ќе се подобри.

Истрчајте 2,5 километри и мерете го времето. Ако сте ги истрчале за помалку од 7 минути и 20 секунди, тогаш имате 25 фитнес години,за 8 минути – имате 45 години, а со 8 минути 40 секунди имате 55 години. Ако вашето време е поголемо од 8 минути и 40 секунди, тогаш вашето тело е постаро од 65 години.

Можете да ги измерите вашите години и со правење на склекови.

Можете да направите до 28 склека ако вашето тело е 25 години, 21 склек прават тие што имаат 35 и 16 тие со 45 години. За сите што направиле под 11 склека се смета дека имаат 65 години.

Што се однесува до координацијата, можете да ја следите со прескокнување на јаже.

Ако прескокнете 50 или повеќе пати, вашето тело има 25 фитнес години, а за тие со 45 прескокнувања се смета дека имаат 35 години. Со 35 прескокнувања имате 45 години, со 25 имате 55, а со само 10 сте постари од 65 години.

Подвижноста ќе ја проверите со помош на клекнувања со раце над главата. Земете стап и застанете исправено со нозете разделени во ширина на рамената. Држете го стапот над вашата глава и направете ги клекнувањата.

Обидете се да го држите телото во правилна положба без да го наведнувате напред.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk