Здраво тело

Колку кафе смеете да пиете, а да не ви се качи притисокот: колку време трае дејството на кофеинот врз крвниот притисок

Пијалокот кој содржи кофеин може значително да го зголеми крвниот притисок!

Висок притисок претставува ризик за крвните садови и може да доведе до многу здравствени компликации.

Најопасните последици од хипертензија се срцев удар (инфаркт), мозочен удар (шлог), но можете да контролирате многу ризични фактори кои водат до нив.

На појавата на висок притисок влијае лошата исхрана, пушењето, премногу килограми и малку движење и физичка активност, но исто така и пиењето пијалоци со кофеин.

Кофеин содржи не само кафето, но, исто така и чајот, и енергетски пијалоци и разни газирани пијалоци. Лекарите предупредуваат дека консумирањето на овие пијалоци е безбедно само во случај вашата исхрана да е балансирана, и во текот на денот да пиете доволно вода.

Хидратацијата е од суштинско значење да се одржи крвниот притисок во границите на нормалата, а пијалоци со кофеин во никој случај не треба да преовладуваат во изборот на течности кои ги конзумирате. Веќе по четвртата шоља кафе, постои ризик дека притисокот ќе се покачи, па лекарите не препорачуваат повеќе од четири кафиња на ден.

Имајте на ум дека нивото на кофеин во крвта го достигнува својот врв од 30 до 120 минути по пиењето, и дека останува во телото 3-6 часа.

Напиши коментар