ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 8 белки
* 4 лажици шеќер
* 2 жолчки
* 4 лажици ореви
* 1 лажица брашно
*6 жолчки
* 1 јајце
* 250мл+80мл млеко
* 1 пудинг од ванила
* 4 лажици шеќер
* 325гр путер
* 100гр чоколадо
*100гр мелени лешници
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги состојките за кората, ставете ги во правоаголен плех и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кората изладете ја и исечете ја на четири еднакви делови. Во сад ставете ги жолчките и јајцето, додадете 80мл млеко и варете на пареа додека не се згуснат. Оставете да се излади. Измешајте го пудингот со малку млеко, а преостанатото млеко варете го со шеќерот додека не се згусне. Пудингот оставете го да се излади. Соединете го изладениот пудинг и жолчките, изматете, а потоа додадете го и пенасто изматениот путер.
Соединете го филот и поделете го на три еднакви делови. Во првиот дел додадете го стопеното чоколадо, во вториот мелените лешници а третиот дел оставете го таков каков што е.
Првата кора премачкајте ја со чоколаден фил, преклопете ја со втората кора, премачкајте со филот од лешник, а потоа ставете ја третата кора и премачкајте со преостанатиот бел фил. Поклопете ја тортата со преостанатата кора, премачкајте ја со глазурата од чоколадо и декорирајте со шлаг.Оставете ја на ладно место.