← НАЗАД НА БОЗА

Корзика – спој на дивата убавина и медитеранскиот шарм

Корзика – спој на дивата убавина и медитеранскиот шарм
505 Читања

Опкружена со бескрајна тиркизна вода и цитадели на бедемите на своите крајбрежни градови, убавицата Корзика, сигурно ќе го привлече Вашето внимание.

Пределите на кои се воздигнуваат преубавите планини и на кои се наоѓаат прекрасни песочни плажи, ова место го прават вистинска контрастна оаза. Корзика, со својата природна клима, жешките лета и благите дождливи зими, е совршено место за одмор и опуштање.

АЈАЧИО  е главниот град, во кој е роден легендарниот војсководец и француски цар, Наполеон Бонапарта. Неговата родна куќа е претворена во музеј, а градот има голем број обележја кои сведочат за големиот император. На патот за Ајачио, приморјето сокрива бројни бањи, како: Propriano, Porto – Pollo и Campomoro.

КАЛВИ се наоѓа на западниот брег, каде можете да откриете необични релјефи, прошарани кули и масивни гранитни куќи. Во правец на овој град, пределите стануваат сé попусти, а овде се наоѓаат и двата бисера,  заливот Girolata и Piana, прекрасната градина од цветен гранит. Овде пак, е роден прочуениот морепловец Кристофер Колумбо. Најубавите плажи се наоѓаат во јужниот и северозападниот дел од островот. Ако сте љубител на природата, морате да го посетите природниот еколошки резерват Skandola, на полуостровот Џиролата, во кој ќе имате прилика да видите ретки птици, делфини, фоки, кристално чиста вода и богата морска флора.

БАСТИЈА  е главен град на горна Корзика, познат по веселата улична атмосфера, бројните кафулиња и ресторани. Виктор Иго поминал голем дел од својата младост токму на овој дел од островот, кој бил инспирација за неговото најпознато дело „ Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз “.

БОНИФАЧИО е градот кој се смета за најубав на Корзика. Можеби поради добриот ноќен живот и шопингот.

Корзиканците се доста темпераментен, необичен, горделив и затворен народ, но пред сé се добри домаќини кои можат да се пофалат со својата извонредна кујна. Специјалитет во Корзика, е секако, пршутата, козјото и овчо сирење, рибината чорба, разните видови месо, ракијата и секако, виното…

Задолжително посетете го местото кое претставува вистинска бајка !!!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk