Убавина

КОСАТА ВИ Е ТЕНКА И МРСНА: Еве каде грешите! Совети со кои секогаш ќе изгледате негувано!

Тенката коса губи волумен многу брзо по миењето и е склона кон цветање. Поради оваа причина, оваа коса мора да се негува соодветно, а ние сега ви даваме совети како тоа најдобро да го направите и да ги избегнете грешките што ги правите кога ја негувате вашата коса.

На тенката коса и одговараат лесни шампони и регенератори и многу е важно да ги изберете производите кои му одговараат на вашиот тип на коса. Треба да ги исфрлите масните маски, масла и серуми, ништо што ја оптеретува вашата коса.

Кај тенката и слаба коса најголема улога играат маските или ампулите и сличните третмани кои ги користите по миењето и содржат протеини. Кератинот е природен протеин кој е содржан во косата и секое влакно е составено од долга линија на кератин. Кератинот го штити влакното од надворешните влијанија и му дава цврстина. Кога влакното е тенко, важно е да користиме висококвалитетни производи базирани на протеини кои дополнително ќе го обложат влакното и ќе го направат поотпорно и посилно. Кога се користи висококвалитетен третман на база на протеини, влакното тогаш добива дополнителен слој, што ќе го направи поотпорно, визуелно ќе изгледа погусто, полесно ќе се обликува и ќе добие на тежина и структура.

По миењето на косата, гледајте што подолго да ја држите под пешкир. Доколку ја сушите со фен, внимавајте да не ја сушите целата должина на влакното, туку само коренот. Чешлајте ја косата со четка во кратки потези кон лицето. На овој начин, косата ќе ви добие волумен, но нема да ја исушите.

За тенката коса е многу важно да се избере вистинската фризура. Фризурата може да ја направи косата да изгледа погуста. Консултирајте се со фризер која фризура најдобро ќе и одговара на вашата коса .

Ако имате долга коса, секогаш можете да експериментирате со плетенки или разни додатоци за коса кои се одличен начин да се одвлече вниманието од тенката коса.

Write A Comment