Се ближи летната сезона и веќе многумина се во потрага за нов костим за капење. Иако е полесно да се најде горен дел, на многу жени проблемите им започнуваат при изборот на долен дел од костимот за капење.
Доколку сакате да бидете сигурни дали моделот кој ви се допаѓа и одговара на вашата градба на тело и на обликот на вашиот задник, ова се неколку правила при купувањето на костим за капење и тренди модели за секој облик на телото.
Мал задник – Бразилки или бикини гаќички
Жените со мал задник може да си поигруваат со минијатурниот дел од долнит дел на костимот за капење, но и со побогатите и поинтересни модели. Еден модел кој најдобро му прилега на овој тип на задник се „бразилките“ – плитките бикини на врзување. Овие кореви го нагласуваат горниот дел од телото и колковите.
Рамен задник – Боксерки или бразилки
Задникот кој нема нагласен профил ниту нагласени колкови дозволува интересна игра со долниот дел на костимот за капење. Со ваква градба на телото најдобро се вклопуваат плитки боксерки или бразилки кои акцентот го ставаат на колковите. Исто така, појасите, ресите , лентите и други апликации се добредојдени.
Широк задник- Широки гаќички
Широкиот задник е оној кој нема нагласен профил туку неговиот волумен е во колковите. Ако сакате да го привлечете вниманието на тој дел од телото, избирајте гаќички кои се широки од страните. Поширокиот дел ги покрива колковите и акцентот го става на нозете, што визуелно ги продолжува и ги прави повитки.
Заоблен задник – ретко гаќички
Жените кои може да се пофалат со нагласени, заоблени колкови и заобелн бразилски задник може да си поиграат со актуелниот хит модел на гаќички. Станува збор за кројка со висока половина која достигнува до папокот. Моделот кој треба да се избира мора да биде високо корен за да ги нагласи бутовите и визуелно да ги издолжи нозете.
Срцевиден задник – гаќички со повисока половина
Овој облик на телото бара гаќички со повисока половина со дебел страничен дел и појас. Појасот ќе ги прекрива перничињата и дел од стомакот и акцентот ќе го стави на препоните и колковите.
