← НАЗАД НА БОЗА

„Kралот Лав“ продолжува!

„Kралот Лав“ продолжува!
153 Читања

Погледнете го трејлерот за новата „Дизни“ авантура со која сте се запознале пред повеќе од две децении!

Конечно, имаме можност да ѕирнеме во новата верзија на цртаниот филм што нè радуваше пред речиси две и пол децении!

Ви го претставуваме трејлерот на најновата верзија на приказната “Кралот Лав”, која пристигнува во кината летото 2019 година.

“Еден ден, ќе излезе Сонцето и веќе нема да го осветлува моето време овде, но тогаш ќе излезе повторно, а ти ќе бидеш крал”, му вели Муфаса на малиот Симба.

Филмот е потпишан од Џон Фавро, кој претходно го преточи филмот “Книгата за џунглата” во играна верзија. Гласовите се позајмени од Доналд Гловер, Бијонсе, Чиветел Еджиофор, Сет Роген, а гласот на Муфаса, исто како и во цртаниот филм, го глуми Џејмс Ерл Џонс.

Филмот ќе пристигне во кината следното лето во дистрибуцијата на Тарамаунт.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk