Искористете ја омилената состојка на бројните колачи и торти – чоколадото и откријте го рецептот за вашиот нов омилен десерт.

Пробајте го чоколадото во форма на пена во оваа вкусна торта и уживајте во полниот вкус понуден од непогрешливата комбинација од чоколадо, ореви и урми.
Неподносливо добар колач: Брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде!
Состојки за кората:
2,5 чаши (5dl) бадеми
15 урми
2 лажици какао во прав
прстофат сол
За чоколаден фил:
2,5 чаши индиски ореви (оставени да киснат во вода 4-8 часа)
1 dl (1/2 чаша) вода
1 dl (1/2 чаша) растопено кокосово масло
5 лажици мед
5 урми
2 лажици какао во прав
прстофат сол
Подготовка:
- Измешајте ги сите состојки за кората со помош на блендер додека не добиете компактна смеса.
- Смесата притиснете ја во тепсија за колачи преходно обложена со хартија за печење и оставете ја на страна.
- За подготовка на чоколадниот фил ставете ги индиските ореви, водата, кокосовото масло и мед во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса.
- Додадете ги преостанатите состојки и мешајте уште неколку секунди, а потоа филот прелијте го преку кората.
- Оставете го колачот да стои во фрижидерот најмалку шест часа (по можност и подолго) пред сервирањето.
- Украсете со ливчиња од бадеми
