← НАЗАД НА БОЗА

Кралски вкус: Направете ja оваa торта, комбинацијата од чоколадo и урми ќе ве фасцинира!

Кралски вкус: Направете ja оваa торта, комбинацијата од чоколадo и урми ќе ве фасцинира!
99 Читања

Искористете ја омилената состојка на бројните колачи и торти – чоколадото и откријте го рецептот за вашиот нов омилен десерт.

Пробајте го чоколадото во форма на пена во оваа вкусна торта и уживајте во полниот вкус понуден од непогрешливата комбинација од чоколадо, ореви и урми.

Неподносливо добар колач: Брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде!

Состојки за кората:

2,5 чаши (5dl) бадеми

15 урми

2 лажици какао во прав

прстофат сол

За чоколаден фил:

2,5 чаши индиски ореви (оставени да киснат во вода 4-8 часа)

1 dl (1/2 чаша) вода

1 dl (1/2 чаша) растопено кокосово масло

5 лажици мед

5 урми

2 лажици какао во прав

прстофат сол

Подготовка:

  •     Измешајте ги сите состојки за кората со помош на блендер додека не добиете компактна смеса.
  •     Смесата притиснете ја во тепсија за колачи преходно обложена со хартија за печење и оставете ја на  страна.
  •     За подготовка на чоколадниот фил ставете ги индиските ореви, водата, кокосовото масло и мед во блендер и   мешајте додека не добиете мазна смеса.
  •     Додадете ги преостанатите состојки и мешајте уште неколку секунди, а потоа филот прелијте го преку кората.
  •     Оставете го колачот да стои во фрижидерот најмалку шест часа (по можност и подолго) пред сервирањето.
  •     Украсете со ливчиња од бадеми

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk