Брз, едноставен и вкусен начин да подготвите пилешко месо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама презла
2 лажички зачин
700 грама пилешки гради, исечени на ленти
50 грама брашно
1 јајце
3 лажички маслиново масло
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во плиток сад измешајте ги презлата и зачинот.
Пилешкото месо извалкајте го во брашно во кое претходно сте ставиле малку бибер.
Потоа месото извалајте го во јајцето, па во презлата со зачините.
Загрејте го маслото на средна температура и пржете ги пелешките прсти додека не станат златно кафеави, од прилика 2 минути на секоја страна.
Гарнирајте по желба.
Уживајте!!!