← НАЗАД НА БОЗА

Креативни идеи: За 500 денари ѕидот ќе ви стане табла за пишување

Креативни идеи: За 500 денари ѕидот ќе ви стане табла за пишување
133 Читања

Боите за имитација на училишната табла се одличен избор за кујна или детска соба, но креативците со способни раце со нив можат да ги претворат ѕидовите во вистински мали уметнички дела.

Бојата е на водена база, а за совршени резултати е добро да се нанесат два или повеќе слоеви, така што новиот слој се нанесува во спротивен правец од претходниот и само откако првиот слој целосно се исушил.

Цената на бојата се движи од 200 до 800 денари, во зависност од количеството. Процедурата е многу едноставна, и сето тоа започнува од чиста површина која ќе стане креативно катче.

Работ преку кој не сакате да нанесете боја за имитирање на училишна табла, заштитете го со лента, а ако покривате поголема површина, користете широка четка за нанесување на боја.

Првиот слој треба да се суши најмалку четири часа и само тогаш може да се нанесе друг слој. Свежо обоените површини треба да се исушат за 24 часа и потоа се подготвени за пишување и цртање со креда.

Боите за имитација на училишната табла некогаш биле достапни само во црна и темнозелена боја, но денес изборот е широк и можно е да се набави било која нијанса.

Таблата за пишување е одличен додаток во кујната, каде што може да служи како потсетник за рецепти или купување, и е одлична за работната соба каде што секој ден можете да ги напишете обврските и задачите.

Добра е веста и дека дрвото ги сака овие бои, па малите табли за пишување можете да ги направите на фиоките од ормарчињата.

Со креда изцртајте ја “лажната” потпора за креветот или едноставно препуштете и на детската имагинација да го претвори вашиот дом во царство на креативност.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk