← НАЗАД НА БОЗА

Крем чорба од компири

Крем чорба од компири
61 Читања

Доколку сакате крем чорби  испробајте го овој рецепт за брза и вкусна крем чорба од компири!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • Малку свеж магдонос
  • Целер
  • Главица кромид
  • 500мл вода
  • Сол и бибер
  • Малку сланина
  • 2 лажички путер

Подготовка:

Излупете ги и измијте ги компирите и пресечете ги на мали коцки. Направете го истото со кромид, целер и магдонос. Стопете го путерот на слаб оган, потоа додадете го кромидот и динстајте го додека не пожолти. Потоа додадете целер и магдонос и динстајте уште 5 минути. На крај додадете го компирот и динстајте уште 5 минути со редовно мешање. Доставете вода и варете додека компирот не омекне.

Кога компирот ќе биде готов, додадете слатка павлака и варете 2 минути, а потоа отстранете го тенџерето од оган. Изблендирајте ја супата со стапчест блендер за да добиете фина кремаста текстура.

Исечете ја сланината на коцкички и пропржете ја во тава без масло. Едноставно ставете ја на повисока температура и сланината ќе ослободи маснотии во кои ќе се испржи убаво. Посипете ги парчињата сланина над чорбата и сервирајте ја.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk