Мојата кујна

Крем карамел во плех

Потребни состојки:

јајца – 10 парчиња

свежо млеко – 1 л

шеќер – 1 чаша + 4 лажици

ванила – 1 кеса

Начин на подготовка:

Изматете ги добро јајцата, истурете шеќер и миксирајте се  додека шеќерот не се стопи.

Истурете го свежото млеко и продолжете да мешате. Ставете и ванила.

Ставете 4  лажици шеќер на оган. Кога шеќерот ќе се карамелизира, истурете ја смесата со јајца и млеко во плехот и ставете ја да се пече во рерна на 150 степени околу 45 минути.

Напиши коментар